(ВИДЕО) Трамп го праша сирискиот лидер колку жени има, но и го прсна со парфем
Американскиот претседател Доналд Трамп привлече внимание со необичен коментар за брачниот статус на сирискиот претседател Ахмед ал-Шараа на состанокот во Белата куќа во понеделник.
Потоа го праша: „Колку жени имате? Една?“, на што Шараа потврди, а Трамп додаде: „Со вас никогаш не знам!“.
Шараа, насмевнат, му го постави истото прашање на Трамп, кој одговори: „Засега – една.“
Според објавените снимки, Трамп му понуди на Шараа парфем „Trump Cologne“, кој чини 249 долари по шишенце, со зборовите: „Ова е машки мирис.“ Додаде дека другото шишенце е за неговата сопруга.
Средбата беше историска, бидејќи Шараа стана првиот сириски лидер кој ја посети Белата куќа од независноста на Сирија во 1946 година. Атмосферата сепак брзо се промени кога Трамп се пошегува за приватниот живот на Шараа.
Слично
