Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТРАМП ГО ОБЈАВИ ПРВИОТ РЕКЛАМЕН СПОТ: Уште еднаш удри по Клинтон!

(ВИДЕО) ТРАМП ГО ОБЈАВИ ПРВИОТ РЕКЛАМЕН СПОТ: Уште еднаш удри по Клинтон!

Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп денеска ја емитуваше својата прва телевизиска реклама, во која демократската ривалка Хилари Клинтон ја поврзува со нереди и илегална имиграција.

Во Америка системот на Хилари Клинтон останува против сите Американци“, се наведува во првиот Трампов рекламен видео клип во кој се спменува и доаѓањето на сириските бегалци и „деликвенција“ на илегалните мигранти кои ги користат социјалните бенефиции на американското друштво.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/theblaze/status/766632209201573889?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

„Америка на Доналд Трамп е безбедна Америка. Терористи и опасни криминалци се протерани“, се додава во видеото.

Тоа е првиот и долгоочекуван рекламен спот на републиканскиот кандидат, додека Хилари потрошила 61 милион долари за своите реклами на телевизии, пренесе американската тв мрежа NBC.

Предизборниот тим на Трамп соопшти дека спотот чинел 4,8 милиони долари и дека ќе биде емитуван во текот на десет дена, после кој ќе следуваат други.[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/p2QdJFPxcQE[/embed]
Слично

Поврзани вести