Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Трамп го именуваше деветиот Врховен судија-Одлука која е важна за судбината на САД!

(ВИДЕО) Трамп го именуваше деветиот Врховен судија-Одлука која е важна за судбината на САД!

Американскиот претседател Доналд Трамп доцна синоќа го именуваше конзервативниот судија Нил Горсуч за девет судија на Врховниот суд, место кое беше празно година дена.

Горсуч има извонредни правосудни способности, брилијантен ум и има исклучителна дисциплина“, рекол Трамп и додал дека судија на Врховниот суд се именува на доживотна функција и може да работи во текот на 50 години со одлуки кои можат да бидат на сила повеќе од еден век.

Горсуч (49) досега бил судија во американската сојузна држава Колорадо.


Неговото именување треба да го потври уште и Сенатот.


Местото судија во Врховниот суд е празно од февруари 2016 кога починал судијата Антонин Скали, кој важел за конзервативен судија. 

Со овој избор би можела да биде обновено конзервативното мнозинство во највисокиот суд во САД кој со своите одлуки пресудува во спорните прашања како абортус, контрола на вооружување, смртни казни и верски прашања.

Врховниот суд на САД има девет судии.

Слично

Поврзани вести