Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Tрамп до новинарка: Вие сте многу напорна личност

(ВИДЕО) Tрамп до новинарка: Вие сте многу напорна личност

Американскиот претседател Доналд Трамп се налути на новинарка на Еј-Би-Си њуз додека одговараше на прашања за војната со Иран.

Новинарката го праша за фотографија од свечениот пречек на посмртните останки на американски војници загинати во судирите со Иран, која била искористена во електронска порака за собирање политички донации. На прашањето дали смета дека користењето на таква фотографија е соодветно, Трамп кратко одговори дека смета дека е.

Кога новинарката дополнително праша дали се собираат средства врз основа на загинатите војници, претседателот рече дека „не ја видел“ таа електронска порака.

„Некој го објавува тоа. Многу луѓе работат за нас“, додаде тој. 

Трамп потоа изјави дека „никој не е подобар кон војската од него“, по што ја праша новинарката за кој медиум работи. Кога таа одговори дека е од Еј-Би-Си њуз, тој остро ја нападна телевизијата.

„Еден од најлошите, најлажните и најкорумпираните... знаете што, Еј-Би-Си њуз – мислам дека можеби сте и најкорумпираната медиумска организација на планетата. Мислам дека сте ужасни“, изјави Трамп. 

Во текот на разговорот, претседателот стави прст на устата додека новинарката се обидуваше да постави уште едно прашање, додавајќи дека е „многу напорна личност“. 

И претходно се случуваше Трамп да навреди новинари кога прашањата не му се допаѓаа. 

foto printskrin youtube


Слично

Поврзани вести