Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТРАМП БЕЗ ДИЛЕМА: Светот е во проблеми-ќе го средиме, ОКЕЈ?

(ВИДЕО) ТРАМП БЕЗ ДИЛЕМА: Светот е во проблеми-ќе го средиме, ОКЕЈ?

Американскиот претседател на САД Доналд Трамп на денешниот национален молитвен доручек изјавил дека светот е во проблеми, дека Америка другите ја искористуваат и дека имал „тешки телефонски разговори“ додека работел на тие прашања.

„Светот е во проблеми, но ние тоа ќе го средиме, ОК? Тоа јас го правам-јас ги поправам работите“, рекол Трамп, пренесува Ројтерс.

Тој тоа го рекол по тврдењата дека слободата на вера е загрозена.

„Верувајте ми, кога слушнете за тешките телефонски повици кои ги имам-не грижете се за тоа. Едноставно не грижете се“, изјавил новиот шеф на Белата куќа.


Тој на молитвениот доручек изнел тврдење и дека неговата земја „буквално ја искористува секоја нација на светот“.

„Нема веќе ништо од тоа да има“, рекол Трамп.

Во Вашингтон, денеска се одржува 65 Молитвен доручек , прв на кој учествува новиот претседател на таа земја. 

Молитвениот доручек се организира секој прв четврток во фебруари, повеќе од шест децении.

Слично

Поврзани вести