Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Трамп: Ако победат моите, моја заслуга е, a aко загубат, нека не ме обвинуваат

(ВИДЕО) Трамп: Ако победат моите, моја заслуга е, a aко загубат, нека не ме обвинуваат

Ако победат моите, моја заслуга е, a aко загубат, не сум јас крив, вели екс американскиот претседател Доналд Трамп. Тој даде ваква изјава вечерта на изборите за Конгресот во САД.

„Но, веројатно ќе биде токму спротивното“, додаде Трамп.

Тој смета дека за пораз никој не треба да го обвинува него. 

Над 240 милиони Американци го избраа новото свикување на Претставничкиот дом и Сенатот, гувернери во 36 сојузни држави, а беа одржани и локални избори. За да победат, партиите треба да освојат 50 места во Сенатот и 218 во Претставничкиот дом.

Трамп наводно „бесен“ и врескал по сите поради лошите резултати на кандидатот на Републиканската партија, тврди за Си-Ен-Ен анонимен извор близок на политичарот. Многумина сметаат дека ако беше Трамп на чело на САД, во Украина немаше да има војна. 

foto EPA


Слично

Поврзани вести