Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТРАГИЧЕН СУДИР ВО ТЕКСАС: Објавени страотни снимки од големата несреќа

(ВИДЕО) ТРАГИЧЕН СУДИР ВО ТЕКСАС: Објавени страотни снимки од големата несреќа

Кочниците не им помагале на автомобилите, кои се удирале еден во друг на автопатот во Тексас.

Голема трагедија со верижен судир се случила на автопатот во Тексас а исходот е неколку мртви и десетици повредени.

Според информациите кои ги објавија светските медиуми, има најмалку пет мртви, а над 30 се испратени во болница.

Во масовниот судир на автомобили на главниот тексашки автопат во кој учествувале повеќе од 100 возила.

Три лица загинаа во несреќата, што се случи на големиот автопат 35-Запад во близина на 28-та улица во Форт Ворт, изјави портпаролот на полицијата Даниел Сегура за  "The Fort Vorth Star-Telegram".

Сепак, несреќата се случила на заледен пат долг околу еден километар, додека нови жртви се откриваат на секои неколку минути, додаде тој.

Тешко е веднаш да се обезбедат информации за вкупниот број повредени, рече тој.

Полицијата соопшти дека несреќата била поврзана со лошо време, откако во текот на ноќта паѓал леден дожд.







Фото: 

Foto: NBC5 via REUTERS

Слично

Поврзани вести