(ВИДЕО) Трагедија за вториот човек на САД: Синот на Џо Бајден почина од тумор на мозокот
Најстариот син на американскиот потпретседател Џозеф Бајден - Бо Бајден (46) почина од последица на тумор на мозокот, соопштија денес од неговото семејство.
Тој служел во Ирак како адвокат на Националната гарда Делавер, а не медицински третман бил во Медицинскиот центар Валтер Рид во предградието на Вашингтон.
Зад себе ја остави сопругата Хале и двете деца Наталија и Хантер.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/qMVYMJe0BsQ[/embed]Бо Бајден бил популарен демократ на источниот брег на државата Далавер и се очекувало да го следи својот татко на националната политичка сцена.
На Националната гарда и се прдружил во 2003 година како општ судија или воен адвокат и е распореден во Ирак во 2008 година, додека неговоиот татко ја водеше кампањата да стане потпретседател во администрацијата на Барак Обама.

