Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА ВО ЗАБАВЕН ПАРК ВО АВСТРАЛИЈА: Има мртви!

(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА ВО ЗАБАВЕН ПАРК ВО АВСТРАЛИЈА: Има мртви!

Четири лица загинаа во страшна несреќа кооја се случила во забавен парк во Австралија, соопшти локалната полиција, пренесоа светските агенции.


Портпаролката на популарниот забавен парк „Дримворлд“ (Dreamworld) во градот Голд Коуст на источниот брег изјавила дека двајца мажи и две жени настрадале во текот на брзото возење по воден канал.


Портпаролката Миша Питерсон рекла дека до несреќата дошло кога сплавот се превртел, но не се знае точно како се случила незгодата.

Првите податоци укажуваат на тоа дека за несреќата е виновен механизмот на заштитниот појас на возилата, но дека тоа не е потврдено, известува бротански Сан. За да претпоставите за што се работи, еве како инаку изгледа возењето по оваа „река“.


Шест лица биле на вакво возило кога истото се преобратило. Две лица кои завршиле во вода се удавиле, а уште две загинале обидувајќи се да им помогнат.


Потврдено е дека четири возрасни загинале. Полицијата е повикана на местото на несреќата околу 14:20 после извештајот дека луѓето настрадале поради заштиниот појас“, се наведува во соопштението на полицијата.


Паркот Дримворлд се наоѓа на Златниот брег и нуди повеќе од 50 разни возења и атракции, и денеска е затворен после несреќата.

Слично

Поврзани вести