Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА ВО ТУРЦИЈА: Во пожарот во хотелот во ски-центарот загинаа 66 луѓе

(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА ВО ТУРЦИЈА: Во пожарот во хотелот во ски-центарот загинаа 66 луѓе

Бројот на загинати во пожарот во хотел во турскиот ски-центар се искачи на 66, а повредени се најмалку 50 луѓе. 

Информацијата ја потврди турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, пренесува Си-ен-ен. Пожарот избувнал во 12-катниот хотел „Гранд Картал“ во 3:27 часот по локално време, а во него тогаш престојувале 234 лица. Најмалку две лица загинале откако скокнале од прозорец на хотелот. На снимките на социјалните мрежи се гледаат постелнини што висат од прозорците, а со нив луѓето се обидуваат да бегаат. Гувернерот Абдулазиз Ајдин вели дека според првичните извештаи, пожарот избувнал во ресторанот на четвртиот кат. 

Издадена е наредба за евакуација на соседните хотели. Планината Болу е популарна кај скијачите од Истанбул и главниот град Анкара. Северозападниот град Болу се наоѓа на околу 170 километри од Анкара.

фото X


Слично

Поврзани вести