(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА ВО РУСИЈА: Работник загина откако се урна покрив на спортски објект
Tрагедија ја потресе Русија.
Работник загина откако се урна покрив на спортски комплекс во рускиот град Санкт Петербург.
Снимки се објавуваат на социјалните мрежи и сè уште не се потврдени дали се автентични. Но, тие го прикажуваат моментот кога се урна покривот на салата, при што работникот се обидува да се извлече, но не успева и пропаѓа со делови од урнатиот објект.
Руските медиуми пишуваат дека е можно еден градежен работник да е под урнатините.
Објектот е изграден во 1980 година, за потребите на Летните олимписки игри во Москва.
Одлуката за рушење на стадионот СКК е донесена поради тоа што целиот објект бил запуштен. Тој бил наменет за хокеј на мраз, но можел да служи и за фудбал затоа што имал капацитет од 20.000 места.
