(Видео) Трагедија во Рио - Ирански параолимпиец загина на трка
Иранскиот параолимпиец Бахман Голбарнзад учестуваше во тежок судир за време на велосипедска трка во Рио. При неговиот транспорт во болница велосипедистот добил срцев удар кој бил фатален и неговото загинување го шокираше светот.
„Тешко е да се соопшти оваа тажна вест, но мора да информираме дека Бахман Голбарнзад, иранскиот шампион во велосипедизам, почина по големиот инцидент кој го имаше за време на параолимписките игри. Тој направи се што треба и го даваше најдоброто од себе за да го претстави Иран пред светот, но за жал, тоа на крајот го чинеше живот“, соопшти иранската параолимписка федерација.
Слично
