Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Трагедија во Пенсилванија: Пожар во ноќна градинка, има и загинати деца

(ВИДЕО) Трагедија во Пенсилванија: Пожар во ноќна градинка, има и загинати деца

Во градот Ери, во американската држава Пензилванија, пет деца го загубиле животот во пожар кој избувнал во центар за престој на деца.

Медиумите повикувјќи се на полицијата, пренесуваат дека пожарот избувнал ноќта во 01:12 часот, противпожарните екипи веднаш пристигнале на местото на настанот но, објектот бил целосно зафатен од огнот.

Во немилиот настан пет деца на возраст од 8 месеци до 7 години го загубиле животот, додека сопственичката и наставничка на центарот за престој на деца, Елејн Харис била спасена, исто така и дев деца на возраст од 12 и 17 години успеале да излезат од објектот и да се спасат.

Причината за пожарот се истражува.



Видео и Фото CGTN

Слично

Поврзани вести