Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Трагедија во Њујорк: Хеликоптер се урна во река- Сите пет патници загинаа, пилот е спасен

(ВИДЕО) Трагедија во Њујорк: Хеликоптер се урна  во река- Сите пет патници загинаа, пилот е спасен

Во саботата вечерта по пад на хеликоптер кој се урна во река недалеку од островот  Розвел на Ист Ривер во Њујорк загинаа сите пет патници, додека пилотот е спасен.

Портпаролот на Сојузната авијатичарска администрација во текот на ноќта, изјави дека  хеликоптерот AS350 паднал некаде околу 19 часот по локално време во река во Њујорк. Причината за падот на хеликоптерот се уште не е позната, а истрагата е во тек.

Информациите за уривањето на хеликоптерот беа потврдени од канцеларијата на градоначалникот на Њујорк, кој на Twitter напиша дека нуркачите од Њујоршката полицијата ја пребаруваат реката.

Случаен минувач го снимил падот и го објавил на Твитер. На видеото се гледа како црвениот хеликоптер одеднаш паѓа во водата се урива и се превртува.

Се работи за приватен  хеликоптер во сопственост на компанијата „Либерти хеликоптерс", кој бил изнајмен за фото-сесија. Хеликоптерот се урнал во близина на резиденцијата на градоначалникот. Пилотот успеа да излезе од леталото, по што тој бил спасен од страна на реморкер, велат официјалните претставници.

„Телата на патниците беа пронајдени од страна на припадници на полицијата и противпожарната бригада“, изјави командантот на противпожарната служба Даниел Нигро, посочувајќи дека станува збор за голема трагедија.

Засега властите не ги објавија имињата на пилотот и патниците, ниту пак прецизираа како се случила несреќата. 

Очевидците кои што минувале по кејот во моментот на несреќата, посочија дека хеликоптерот летал со голема бучава, потоа одеднаш паднал во водата и набрзо се појавил на површината. Веднаш потоа на површина се појавил и пилотот.

Во 2009 година, хеликоптер од истиот модел, сопственост на истата компанија, се судри со мал приватен авион над реката Хадсон, при што загинаа девет лица, меѓу кои и група италијански туристи.


Слично

Поврзани вести