Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: ТРАГЕДИЈА ВО НИГЕРИЈА: Се урна покрив на црква и уби над 60 луѓе

ВИДЕО: ТРАГЕДИЈА ВО НИГЕРИЈА: Се урна покрив на црква и уби над 60 луѓе

Повеќе од 60 лица загинаа, а десетици други се повредени при уривањето на покрив од една црква во Нигерија.

Во црквата имало повеќе стотина верници кои дошле да присуствуваат на свеченото именување на новиот бискуп. Сведоци изјавиле дека покривот паднал врз луѓето во црквата само 20 минути по отпочнување на религиозната миса.

Инцидентот се случил во градот Ујо, во југо-источниот дел на земјата. 

Локалните медиуми пишуваат дека бројот на жртвите може да биде поголем. Постојат сомнежи  дека под урнатините има уште луѓе. 

Меѓу присутните во црквата бил и гувернерот на нигериската провинција Аква Ибом, Удом Емануел, но за него се вели дека ја преживеал несреќата.

Црквата во која се урна покривот, била во изградба, а работнците брзале да ја оспособат за свеченото именување на новиот бискуп.

Уривањето покриви, како и уривањето новоизградени објекти, не е реткост во Нигерија. Се смета дека причини за ваквите случаи најчесто се користење нестандардни материјали при изградбата, како и непочитување на градежните прописи.


Слично

Поврзани вести