(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА ВО ЈУЖНА КОРЕЈА: Две лица загинаа при уривање на мост
Во градот Ансон во Јужна Кореја денеска две лица загинаа, а седум се повредени откако се урна мост.
Едно лице е исчезнато и го бараат под урнатините. Уривањето се случило кога неколку бетонски блокови паднале од височина врз десет работници кои работеле под мостот. Националната агенција за пожари веднаш ги мобилизирала пожарникарите за да ја продолжат потрагата по исчезнатите. Видеото покажува дека мостот се урна за само неколку секунди.
Слично
