Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА: Авион се урна во Колумбија со цел фудбалски тим, има преживеани!

(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА: Авион се урна во Колумбија со цел фудбалски тим, има преживеани!

Незапаметена трагедија се случила ноќеска кога во Колумбија кај Медељина, родното место на кралот на кокаинот Пабло Ескобар, се урна авион со 81 патник и членови на екипажот. Меѓу патниците на авионот биле фудбалерите на бразилскиот клуб Шапекоенсе. Во несреќата има преживеани.


Меѓутоа, нејасно е колку лица преживеале, можно е дури 13.

„Спутник“, пренесува дека најмалку 13 луѓе преживеале. Од друга страна локалниот информативен портал „Миориенте“ пренесе дека најмалку десет лица се спасиле.


„Помош им се укажува на група од најмалку десет патници од авионот. Потрагата за преживеани продолжува на местото на падот“, рекол шефот на пожарникарскиот тим на нтаа локација.


Исто така се наведува дека преживеал и голманот на Шапекоенсе Џексон Фолман.

Трагедија поради гориво 


Причините за падот уште се утврдуваат, иако се сомнева дека до трагедијата дошло бидејќи на авионот му снемало гориво.

Во авионот се наоѓале 72 лица и девет членови на екипажот, летал кон вториот најголем аеродром во Колумбија.

На спасувачките екипи на акциите им сметаат лошите временски услови, така да пристапот до леталото е можен само по копнен пат.


Авионот од типот Аероспејс 146 полетал од Сао Паоло во Бразио, имал едно запирање во Санта Крус де ла Сиера во источна Боливија откаде се упатил кон Колумбија.

Со него летале овој месец и фудбалерите на аргентинскиот национален тим

Бразилски медиуми пренесоа дека авионот изгубил контакт со контролата на лет нешто после полноќ по локлано време, како и дека се урнал неколку момент пре да слета.

Фудбалерите на бразилскиот клуб патувале во Колумбија каде требало да се состанат со локалниот Атлетико Национал во првиот меч на финалето на Купот Судамерикана на 30 ноември во Медељина.


Слично

Поврзани вести