Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТОРНАДО ВО РИМ: Ветер однесе тезга на пазар, оштети покриви, урна дрвја

(ВИДЕО) ТОРНАДО ВО РИМ: Ветер однесе тезга на пазар, оштети покриви, урна дрвја

Силно торнадо денеска го погоди Рим, корнеше дрвја во главниот град на Италија и предизвика проблеми во сообраќајот, пишува mezha.net.

Во Рим, ветерот однел тезга на пазарот која потоа удрила во паркиран автомобил.

По обилните дождови во римските области Номентано, Саларио и Париоли, дошло до големи поплави. Сообраќајот бил речиси целосно парализиран бидејќи водата речиси целосно потопувала  автомобили.

Обилните дождови и поплави денеска погодија и многу други делови од Италија, особено регионите Фриули-Венеција Џулија, Тоскана и Лацио.

Видеата објавени од жителите на социјалните мрежи покажуваат како торнадото во римскиот округ Конка д’Оро откорнало дрвени покриви, сериозно оштетило тенди и поплавило продавници.

Пожарникарите имале десетици интервенции, а повеќето од повиците се однесувале на отстранување на дрвја што паднале на патиштата.

foto printskrin youtube


Слично

Поврзани вести