Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Торнадо уништи куќа, луѓето се спасија криејќи се во бањата

(ВИДЕО) Торнадо уништи куќа, луѓето се спасија криејќи се во бањата

Семејство во Америка преживеало страшен удар на торнадо криејќи се во бањата. Ветерот со брзина од 222 километри на час не ја уништил бањата. 

Џејк Хил бил на работа тој 31-ви март, игнорирајќи ги повиците на својата мајка, додека торнадото се приближувало до неговиот град Спенсер во Индијана, со брзина од 222 километри на час. Меѓутоа, кон крајот на март серија од најмалку 10 торнада jа погодиле Индијана, а притоа загинале 32 лица додека поголем број биле повредени. Кога Хил тргнал кон својот дом, пристигнал неколку моменти пред торнадото.


Додека излегувал од возилото, видел како експлодирало уличното осветлување. Некој од членовите на семејството повикал да се скријат во бањата.

„Можев да слушнам како пукаат прозорците, дел од плафонот се урна над нас. Почнав да вдишувам прашина“, рекол Хил.

Кога бурата завршила, Хил лежел на земјата. Целиот удар траел околу 45 секунди.

Никој не е повреден. Имале проблем да излезат од таму затоа што еден ѕид се урнал и им го блокирал патот. Само бањата останала, а торнадото целосно ја „прегазило“ куќата од која практично не останало ништо. Повеќе од 100 волонтери им помогнале да го расчистат теренот. Две торнада вчера имаше и на Нов Зеланд. 

Слично

Поврзани вести