(ВИДЕО) ТОРНАДО ОПУСТОШИ ДЕЛОВИ ОД ГЕРМАНИЈА - тројца загинаа, има педесетина повредени
Повеќе од 50 луѓе се повредени, меѓу кои десет сериозно во Падерборн, во западна Германија, каде што ечеше „торнадо“, изјави портпаролот на полицијата за АФП. Според досега познатите информации, загинале три лица.
Торнадото предизвика значителна материјална штета и на градот во покраината Северна Рајна Вестфалија, кој го зафати невреме кое моментално минува низ Германија, а се појави по невообичаено високите температури за овој период од годината.
А градот Липштад, на околу 30 километри, најверојатно бил погоден од торнадо, изјави портпаролот на противпожарната служба. Засега нема извештаи за повредени.
Невремето зад себе остави бројни штети во областа во западна Германија, а полициските сили пријавија голем број урнати покриви и откорнати дрвја.
Во прекин беше и железничкиот сообраќај.
Германската метеоролошка служба вчера објави дека ударите на ветерот на места достигнуваат брзина од 130 км/ч.
Невремето ги опустоши и околните градови, при што загинаа три лица
Тешка штета од невремето е забележана и во блискиот град Липштад. Срушена е црковна кула во градот, а германската новинска агенција ДПА објави дека повеќе од 100 луѓе се привремено задржани во локалниот отворен базен, откако соборените дрвја го блокирале излезот.
#Lippstadt pic.twitter.com/Stawpyixek
— Judith Rautenstrauch (@stormchaser1081) May 20, 2022
— Haas (@HaasMijn) May 20, 2022Фото: Твитер
