Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТОРНАДА И ПОПЛАВИ ВО САД: Над 14 луѓе загинаа

(ВИДЕО) ТОРНАДА И ПОПЛАВИ ВО САД:  Над 14 луѓе загинаа

Силното невреме со урагани уби повеќе од 14 лица изминатиот викенд на југот и во централните области на САД, соопштија денеска властите.

Во сојузната држава Тексас метеоролошката служба избројала најмалку четири урагани како причина за разорените области со урнати куќи, превртени автомобили и искорнати стебла. Во градот Кантон во невремето загинале 4 лица.


Во државата Арканзас регистрирани се четири смртни случаи, додека во Мисисипи загинале две лица, од кои едно е дете кого го усмртила струја во поплавата.

Поради поројните дождови две лица загинале во Мисури, една од нив е 72-годишна жена која била заробена во автомобилот поради брзото растење на водите.


Во Тенеси двегодишно девојче е згмечено од фудбалски стативи кои паднале поради силен ветер.

Сојузната метеоролошка агенција објави аларм поради поплавите во неделата ноќта во државите Оклахома, Арканзас, Мисури, Илиноис и Индијана. Се стравува од ново торнадо во понеделникот.

Слично

Поврзани вести