(ВИДЕО) ТОЈ Е ЈУТЈУБЕР И СИН НА СВЕШТЕНИК: Oва е најнеобичниот пратеник во Европскиот Парламент
Најнеобичниот пратеник во Европскиот Парламент (ЕП) e jутјубер и син на свештеник.
Кипарските гласачи, го избраа Фидијас Панајоту, 24-годишен јутјубер познат по неговите популарни видеа, за независен член на Европскиот парламент. Тој освои 19,4 отсто од гласовите на Кипар, а неговата неочекувана победа се смета за отфрлање на традиционалните политички партии. Има 2,6 милиони претплатници на Јутјуб. Тој стана познат благодарение на видеата од средбите со познати личности, меѓу кои и американскиот милијардер Илон Маск, за кого тврди дека е негов херој.
Панајоту, син на грчки православен свештеник, го искористи своето присуство на социјалните мрежи за да ги охрабри младите Кипарци да гласаат. Меѓу неговите подвизи се видеа како гушка 100 личности, поминува една недела во ковчег и тренира со кинеските мајстори на „Шаолин кунг фу“.Тој минатата година помина неколку месеци пред зградата на седиштето на компанијата X на Илон Макс, обидувајќи се да го убеди основачот да го прегрне. За себе вели дека е „професионалец кој греши“ без политичко искуство или партиска припадност, а во предизборната кампања ги повика младите да гласаат за Европскиот парламент.
Кипар, најисточната членка на Европската унија, има околу 900.000 жители, од кои 683.432 се регистрирани за гласање.
