Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТОЈ Е ХЕРОЈОТ ОД ЛОНДОН: Спасил беспомошна девојка од пожарот

(ВИДЕО) ТОЈ Е ХЕРОЈОТ ОД ЛОНДОН: Спасил беспомошна девојка од пожарот

Станар кој живее во Гренфел кулата спасил девојка која била во западниот дел од зградата каде имало пожар. 

Тој раскажува каков ужас преживеал за време на евакуацијата во зградата. 

„Бев во кревет, ме фати сон. Потоа почувствував мирис на пластика и го проверив целиот стан. Мислев дека е во ред. Влегов во кујната, сакав да запалам цигара, отворив прозорец и слушнав жена која вели дека оганот станува поголем. Го споменуваше чадот кој го имаше насекаде. Отворив врата и ги видов соседите. Луѓето врескаа, а пожарникарите ми рекоа по скалите да се симнам долу затоа што ја евакуираат зградата. Ја фатив малата девојка и партнерката и излеговме надвор. Беше тоа рано наутро. Јас живеам  на седмиот кат, а пожарот изби на четврти кат“ - вели неименуваниот маж. 

Во пожарот има најмалку шест загинати лица. Британската премиерка Тереза Меј изрази жалење за овој немил настан. 


Слично

Поврзани вести