(ВИДЕО) ТИТАНИК ДВА ЌЕ ЗАПЛОВИ: Деталите како изгледа ќе ве остават без зборови
Титаник се крева од мртвите и повторно ќе заплови.
Внатре ќе има уметнички дела, мебел, скапоцени додатоци, соби од прва класа со соба за пушење и друго.
Ќе има и голема трпезарија за прва класа, кабини за втора и трпезарија за трета класа. Гостите ќе имаат на располагање базен и турска бања.
Овој брод ќе има доволен број чамци за спасување.
Титаник II ќе исплови 2022 година, а цената на билетите засега не е објавена.
Ќе има капацитет да прими 2.400 патници и 900 членови на екипажот, а по својата грандиозност и луксуз целосно ќе изгледа како својот претходник. На бродот ќе му требаат шест до осум дена да го преплови океанот.
Бродот ќе исплови од Дубаи и ќе патува кон Саутхемптон. Потоа ќе тргне на пат кон Њујорк, по истата рута како и бродот кој потона во 1912 година.
Овој проект во 2012 година го најави компанијата Блу Стар Лајн. Пречка беа големите финансиски трошоци и оптоварување, и затоа тргнувањето неколку пати се одложуваше. Сопственикот на компанијата Клајв Палмер вели дека бродот со мистерии и интриги, секаде каде ќе стигне ќе ги развесели луѓето.
Претходниот Титаник беше со невидена големина, долг 269 метри, широк 28 метри и тежок 46.000 тони, на почетокот на 20 век кога е направен, се сметал за брод со најнапредна технологија, непотоплив и најсигурен. На 14 април 1912 година не се покажа токму таков.
Титаник на своето прво прекуокеанско патување тргна од британското пристаниште Саутхемптон. Она што требаше да биде едно од многуте патувања на ова „технолошко чудо“ заврши трагично.
