(ВИДЕО) Тие го ликвидирале Немцов: Снимка од двајца убијци пуштена во етер!
Руската телевизија РЕН ТВ објавила дека истражните органи дошле до снимките на кои се гледаат двајца осмоничени за убиството на рускиот опозиционер Бориц Немцов.
РЕН ТВ претходно јави дека истражните органи го пронашле автомобилот на убијците - тоа е "ZAZ šans" (верзија Шевролет ланос произведена во украинска фирма). Бидејќи е пронајдено возилот со кое убијците избегале, оперативците ги побарале сите снимки на камерите на патот.
Покрај тоа, побарале да се пронајдат возачите кои возеле по тој пат во тој момент и од нив да се земат снимките од камерите, ако ги имале во колите, пренесува Танјуг.
Шефот на руската Федерална служба за безбедност Александар Бортников изјавил дека во текот на истрагата за убиството за опозиционерот Борис Немцов се идентификувани неколку осомничени.
Немцов е убиен во петокот доцна вечерта во центарот на Москва, недалеку од Кремљ, два дена пред големиот митинг кој го подготвувала опозицијата.

