(ВИДЕО) The Guardian: САД создаваат непријатели на празно место
Министерот за одбрана на САД Ашин Картер вчера во општ нацрт ја наслика стратегијата на НАТО во однос на Русија.
„Ние ќе примениме решителен, но избалансиран стратешки пристап, кој е повикан да се осигура дека Русија не може да присили никого и да го сврти кон минатото. При тоа ние ја повикуваме Русија повторно да се сврти кон иднината“- изјавил шефот на Пентагон.
Согласно „избалансираниот пристап“ САД им обезбеди на силите за брза реакција на НАТО дополнителни авиони и оружје. Тие треба да и помогнат на Европа да се заштити од наводните закани, меѓу кои е и Русија.
Вашингтон веќе ги објави своите намери да распореди во Источна Европа тенкови, оклопни возила и тешко вооружување за 5.000 лица.
Коментаторот на британскиот весник „The Guardian“ Џонатан Стил смета дека САД си создаде непријател од ништо на празно место.
„Тие велат дека Русија претставува закана. Како што изјавил Ашин Картер, Москва се обидува да ја закрепне сферата на влијание во Европа од времето на СССР. Ова, се разбира, е големо претерување ако не и нонсенс. САД создаваат непријател од ништо на празно место. Украинската криза влијае на Украина - тоа нема никаква врска со Балтикот или земјите од Централна и Западна Европа“- нагласува новинарот.
Според него бирократските империи како НАТО треба некако да го оправдуваат своето постоење, а американските производители на оружје профитабилно да го продадат на западноевропските земји.
„На тој начин во демонизацијата на Русија голема улога играат корпоративните интереси“ - резимира Џонатан Стил.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/BtBufgfdw3c[/embed]