(ВИДЕО) ТЕЖОК ДЕН ЗА КИЕВ: Во руски напад загинаа седум луѓе, а 44 се повредени
Киев денеска се соочи со еден од најтешките руски напади. Седум луѓе загинаа, а бројот на повредените достигна 44.
На терен сè уште траат интензивни спасувачки акции, бидејќи 20 лица се водат како исчезнати под урнатините на објектите погодени во нападот.
Локалните власти донесоа одлука утрешниот ден да биде прогласен за Ден на жалост во Киев. Знамињата ќе бидат спуштени на половина копје, а јавните манифестации ќе бидат откажани во знак на почит кон жртвите.
„Нашите екипи работат деноноќно за да ги пронајдат преживеаните. Овој напад е уште еден доказ за бруталноста на оваа војна која не бира цели“, се наведува во соопштенијата на службите за итни случаи.
Нападот ги уништи инфраструктурните објекти и станбени зони, предизвикувајќи паника и потреба од итна евакуација на граѓаните. Украинските власти повторно апелираа за поголема меѓународна помош во системи за противвоздушна одбрана, со цел да се спречат идни трагедии од ваков размер.
Будимпешта остро го осуди рускиот напад врз Украина, во близина на унгарската граница.
Унгарскиот премиер Петер Маѓар го повикал рускиот амбасадор Евгениј Станиславов на разговор по масовниот руски напад со дронови и ракети врз Украина, изведен во близина на унгарската граница.фото принтскрин
