(ВИДЕО) ТЕШКА РАБОТА: Немаат право ниту за пауза за ВЦ!
Кога ќе помислите дека вашата работа е тешка, сетете се дека веројатно може и полошо.
Во некои делови на Тајланд, на работниците не им се загарантирани ниту основните услови. Така, на пример, контролорите во автобусите немаат право на пауза за ВЦ, па се принудени во текот на целиот ден да носат пелени за возрасни.
Анкетата покажала дека 28% од контролорите носат пелени во текот на работната смена која трае - 16 часа! Многу заради долготрајно воздржување заработиле и болести на уринарниот тракт.
Меѓу нив е и Вачаре Вирија, која најпрвин заболела од урринарна инфекција, а потоа и од рак на матката. „Лекарот ми рече дека тоа е заради валканите пелени во кои поминував цел ден и дека тие бактерии насобрани во пелената се вовлекле и во матката“, вели таа.
Вработените во јавниот превоз во Тајланд, здружени во синдикати, започнаа да се борат за подобри работни услови, а први барања им се да добијат пауза за ВЦ и пауза за јадење.
