Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Терористите со „жив ѕид” од заробени цивили се бранат од воздушни напади

(ВИДЕО) Терористите со „жив ѕид” од заробени цивили се бранат од воздушни напади

За да се заштитат од воздушните напади, сириските бунтовници користат жив штит од цивили. Тие заклучуваат заробеници во кафез и ги носат на одредени места во близина на Дамаск.

Заканата беше пренесена во видео клипови и фотографии објавени на социлајните мрежи под хаштагот „Кафези за заштита”, на која се прикажува грозна слика од затворени мажи и жени кои затворени во кафез се возат низ улиците на Дума, во регионот на Дамаск.

Коалицијата на сириските бунтовници „Армија на исламот” соопшти дека има намера да ги користи воените заробеници и затворениците како жив штит против бомбардирањето од страна на војската на Башар Асад и руската авијација.

Според податоците од медиумските активисти, заробени се офицери од армијата на Башар Ал Асад и нивните семејства.

Планирано е десетици кафези со заробениците да се стават на покривите и улиците на териториите контролирани од вооружените бунтовници.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=krjTdY4YrY8[/embed]
Слично

Поврзани вести