(ВИДЕО) Терористите од Исил со музика и забавена снимка ја разнесуваат главата на Сириец!
За време на крвавото злосторство во позадина се слуша пеење, а монтажата наликува на филмска продукција.
Исламската држава (ИСИЛ) објави ново шокантно видео од убиството на заложник со нови детали: целото крваво злосторство е попратено со музика типична за арапскиот исламистички свет.
И оваа видео има исто потпис како предходното. Џелат облечен во црно исто како злогласниот маскиран џихадист Џон. Затвореникот, највероватно е заробен сириски војник облечен во конблизон со портокалова боја каков што носеа и предходните на кои им беа отсечени главите со нож.
На видеото се гледа како жртвата прво ја чита изјавата пред камерата, а потоа му ги врзале рацете на грбот и го однеле до стрелиштето. Таму бил натеран да клекне. Цело време во позадина завива злобно пеење низ музика.
Убиецот прво неколку минути говорел на арапски јазик додека заложникот клечел на колена. Потоа некој од страна вон кадарот на камерата му додава „пумперица“, оружје со голема разорна моќ, и сето тоа е обработено во успорено видео. Секунда покасно во непосредна близина испалува метак во тилот на жртвата и му ја разнесува главата, но тој дел е отстранет од видео снимката.
Следи прекин и нов ефект: видеото неколку пати се враќа на моментот кога се пука, а на крајот е кадарот од убиениот кој лежи на земја во локна крв.
Оваа видео е скратено и не се гледа сцената на експлицитното насилство и неговите последици.
