Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Терористички напад во Бангкок: 27 мртви, 80 повредени, расфрлани тела на сите страни

(ВИДЕО) Терористички напад во Бангкок: 27 мртви, 80 повредени, расфрлани тела на сите страни

Во центарот на тајландската престолнина Бангкок денеска експлодирала бомба при што загинаа најмалку 27 лица. Барем четворица од нив се странци. Околу 80 други се повредени, соопшти агенцијата „Ројтерс“.

Началникот на полицијата Праут Тауорнсири потврдил дека експлозијата е од бомба во близина на храмот „Ерауан“, а во непосредна близина до него се наоѓа и хотел со пет ѕвездички. Храмот е популарна туристичка дестинација, особено за луѓе од другите држави и од Кина, наоколу има исто така и трговски центри и згради. Многумина обични Тајланѓани се молат во храмот.

Во овој централен кварт Чидлом има и клучна крстосница што беше средиште на политички демонстрации во последните години, забележува „БиБиСи“.

bankok 1

Дописникот на британските медиуми во Бангкок вели дека на местото на инцидентот владее хаос, се гледаат и делови од расфрлани тела на сите страни. Тој додава дека бомбашките напади во Бангкок се реткост.

Заменик-шефот на националната полиција „АЕК“ Ангсананонд изјавил за „Ројтерс“ дека бомбата била прикачена на мотоцикл. Тој сепак не го потврди бројот на загинатите.

Полицијата го проверува местото за евентуална втора експлозивна направа и ги повикува минувачите да се оддалечат. Онлајн изданието на „Bangkok Post“ цитира извори од полицијата, кои велат дека имало барем уште една бомба.

Според владата нападот е обид да се сруши економијата на земјата. „Извршителите сакале да ја уништат економијата и туризмот, бидејќи инцидентот се случил во срцето на туристичката населба“, изјавил министерот за одбрана Прауит Уонгсуан.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/BangkokPostNews/status/633266990480683008[/embed]

Властите издале поригорозни мерки за безбедност и проверка на други клучни раскрсници и туристички зони во Бангкок.

„Ројтерс“ забележува дека непосредно по експлозијата никој не ја презел одговорноста. Агенцијата додава дека муслиманските немири во јужниот дел се на претежно будистичка страна не се интензивни и бунтовниците ретко вршат напади надвор од територијата на која живеат.

Во последната деценија Тајланд сепак беше раскинат од тешко и понекогаш крваво политичко ривалство. Од мај 2014 година на власт е армијата, откако со насилство ја отстрани избрана влада по неколку месеци крвави антивладини протести.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/dekdue_03/status/633257846969208832[/embed]
Слично

Поврзани вести