Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Терористички напад над фабрика во јужна Франција

(ВИДЕО) Терористички напад над фабрика во јужна Франција

Непознати лица разнесле контејнери со гас во зградата на фирма во „Сен-Кент-Фалавие“ во Гренобл, соопштува „Ројтерс“. На местото има една жртва и неколку повредени, посочуваат извори од полицијата.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/Kittythug24/status/614356995269914624[/embed]

Француски медиуми објавија дека на местото на нападот е најдено обезглавено тело, заедно со знаме со исламистички натписи. Агенција „АФП“ наведува дека врз самата глава на жртвата исто така имало натписи на арапски јазик.

Министерот за внатрешни работи Бернар Казнов се упатил кон местото.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/SkyNews/status/614363849098199041/photo/1[/embed]

Извори на „Sky news“ објавија дека е приведен барем еден од напаѓачите, иако се пријавени за двајца напаѓачи кои носеле исламистички знамиња.

Според други извори, двајцата напаѓачи биле заглавени во автомобил во фабриката, по што влегле во неа и експлодирале неколку мали експлозивни уреди.

Весникот „Ле Дофен“ истакнува дека глава на маж била пронајдена на оградата, заедно со исламистичко знаме. Вработените во фабриката „Air Products“ се „многу шокирани“.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/bleu_isere/status/614358355843383296/photo/1[/embed]

Според „Индипендент“ напаѓачите тврделе дека се дел од „Исламска држава“. „iTele“ истакнува дека уапсениот бил околу 30 годишен маж, познат на француското разузнавање.

Обвинителството соопшти дека случајот ќе биде истражен о.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/zGr-hbHhpKo[/embed]
Слично

Поврзани вести