Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Тепачка во живо на емисија

(ВИДЕО) Тепачка во живо на емисија

Во руската телевизија НТВ се случи тепачка во живо. Се степаа украинскиот политички коментатор и водителот на емисијата.

До конфликтот дојде по расправата за ситуацијата во источна Украина.

Вербалната „војна“ прво започна помеѓу украинскиот политиколог Дмитриј Суворов и гостинот, за кого Спутник вели дека е германскиот политичар, Андреас Маурер.

Маурер вели дека нападите кои траат во источниот дел на Украина, во Донбас, довеле до смрт на 200 деца. Суворов ова го демантираше и побара релевантни фотографии како доказ.

Со цел да го смири Суворов, водителот Андреј Норкин се обиде да го фати за рамо, на што Украинецот жестоко реагираше и започна тепачка во која учествуваа неколку луѓе, пренесе Спутник.

„Читам многу коментари за тоа како ме претепале, очигледно. Смешно е кога читам дека Норкин го претепал Суворов, јасно се гледа тој тргна кон мене и ме нападна, а јас тргнав во контра напад, но ме запреа. Неколку луѓе против еден - типичен руски свет. Не можам да кажам дека победив, но не загубив“- напиша Суворов на Фејсбук.

Воениот конфликт во Украина започна во 2014 година, а во февруари 2015 година завојуваните страни го потпишаа Минскиот договор, но ситуацијата и понатаму е под притисок со оглед на тоа дека двете страни меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето.


Слично

Поврзани вести