(ВИДЕО) Теорија на завера: Авионите не удриле во кулите близначки?
Со патничките авиони не е можно да се изведе терористички напад на Кулите близначки во Њујорк на 11 септември 2001 година, тврди поранешниот пилот Џон Лир (65).
Тој наведува повеќе факти со кои ја потврдува својата теза. Пилотот, кој во кариерата има 19.000 часа лет на повеќе од 160 различни авиони, вели дека физички е невозможно авиони од типот на Боинг со таа брзина кои удриле во Кулата да летаат на таа висина.
„Поради густината на воздухот на 300 метри од земја, авион не може да лета со брзина од 870 километри на час. Исто така, во случај на удар во зграда, некои делови од авионот би се распаднале при судири со челичната конструкција“, вели Лир и додава дека некои делови и покрај судирот останале речиси цели.
„Моторите на авионот после ударот во конструкцијата, и покрај ударите, сепак го задржале својот основен облик“, наведува овој пензиониран пилот.
Во морето на теоретски завери, неговите зборови сепак имаат тежина бидејќи тој е единствениот пилот кој некогаш добил сертификат од Федералната авио-администрација, а посебна тежина има и тоа што е поранешнен службеник на ЦИА, бидејќи летал ширум светот за таа разузнавачка агенција.
Тој ги негираше официјалните извештаи според кои со авионите управувале киднапери.
„Неискусни пилоти не можат да управуваат со такви типови на авиони. Тоа едноставно не е можно“, тврид Лир.
Инаку, неговите тврдења не се единствена теорија за можната завера на американската влада. Да потсетиме на само една од видео-снимките објавени на Јутјуб која ги поттикна сомневањата дека нападот на 11 септември е монтиран.
