Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТЕНЗИЧНО: Мадуро ги прекинува дипломатските односи со Колумбија

(ВИДЕО) ТЕНЗИЧНО: Мадуро ги прекинува дипломатските односи со Колумбија

Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, стави крај на дипломатските врски со Колумбија. 

Најмалку две лица загинаа, а 18 се повредени во судирите меѓу безбеносните сили и локалното население во југоисточниот дел на Венецуела, недалеку од границата со Бразил, објави АП. Демонстрации се одржаа и во главниот град на Венецуела, Каракас. Мадуро танцувал со својата сопруга на провладин собир во Каракас, потег кој го критикуваа многумина на социјалните мрежи.

Еден од камионите кои ја превезуваат хуманитарната помош бил запален. 

Дел од венецуелските војници ги напуштиле позициите на границата со Колумбија среде напорите предводени од опозицијата за префрлање на хуманитарната помош во земјата. Околу 600 тони храна, хигиенски производи и друга хуманитарна помош главно од САД се заглавени во Цуцута, колумбискиот град на венецуелската граница.


Слично

Поврзани вести