Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТЕМПЕРАТУРАТА ДОСТИГНУВА И ДО 1.240 СТЕПЕНИ - реки лава голтаат се пред себе на островот Лас Палмас

(ВИДЕО) ТЕМПЕРАТУРАТА ДОСТИГНУВА И ДО 1.240 СТЕПЕНИ - реки лава голтаат се пред себе на островот Лас Палмас

Блокови од стопена лава со големина на трикатна зграда се движат денеска низ падината на вулканот на шпанскиот остров Ла Палма, каде што беа регистрирани серија земјотреси, три недели по ерупцијата.

Во текот на денот беа регистрирани 21 сеизмички движења, а најголемото беше со јачина од 3,8 степени, објави шпанскиот Национален геолошки институт. Селата Мазо, Фуенкалиенте и Ел Пасо беа потресени.

Блокови од вжештена магма се движат по падината на вулканот Кумбра Виеја, а вулканот почна да ги еруптира по колапсот на северниот дел од вулканскиот конус.

Лавата, чија температура достигнува 1.240 степени Целзиусови, ги уништи последните преостанати згради во селото Тодоке, објави Институтот за вулканологија на Канарските острови.

Од 19 септември, лавата уништи 1.186 згради и 493 хектари земја.

Околу 6.000 луѓе се евакуирани од своите домови на островот Ла Палма, кој има околу 83.000 жители.


Слично

Поврзани вести