Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео: Тажната сторија за креаторката на фиџет спинерот

Видео: Тажната сторија за креаторката на фиџет спинерот

За жал во суровиот систем на патенти, индустриско производство и маркетинг трендови постојат многу губитнити. Меѓу нив е и Кетрин Хетингер која во 90-тите години смислила патент за играчка која треба да го намали стресот, а на децата на им помогне да се „смират“. 

Како што повозрасните добро паметат во 90-тите секој ден излегуваше по некоја нова играчка, од Јо-Јо до Чипичани. За жал, проектот на Хетингер не зел замав, па таа никогаш не стигнала до голема заработка, а немала ниту пари да го продолжи правото на патент. Голем пресврт дојде годинава откако одеднаш фиџет спинерите станаа глобален феномен во време на интернет, смартфони и социјални мрежи.

Хетингер сега е принудена да ја замени својата и онака мала куќа за еднособен стан. Тешко е да се биде иноватор, вели Кетрин која верува дека досега би имала многу пари. Истакнува дека многу луѓе прашуваат дали е бесна, но вели дека и е мило кога гледа дека барем на луѓето им се допаѓа нејзиниот пронајдок. 

Слично

Поврзани вести