Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Тажна судбина на мајка и дете во Њу Џерси-Се загушиле во кола додека таткото го чистел снегот!

(ВИДЕО) Тажна судбина на мајка и дете во Њу Џерси-Се загушиле во кола додека таткото го чистел снегот!

Њу Џерси го потресе тажна судбина на една млада мајка (23) и нејзиното едногодишно дете. Тие се загушиле од јаглен моноксид и тоа додека биле во автомобил.

Мајката и двете деца седеле во запалениот автомобил додека таткото бил надвор и го чистел снегот од автомобилот.

Но, издувната цевка цело време била затрупана со снег. Дваесет минути подоцна, кога таткото конечно го исчистил снегот и влегол во автомобилот, мајката и едногодишното дете веќе биле мртви, а тригодишната ќерка речиси не давала никакви знаци на живот.

Ја префрлиле во болница а нејзината состојба е критична. Њујорк во неделата полека се опоравуваше од силното невреме, додека снегот ја блокираше американската престолнина Вашингтон и околните подрачја па сите владини како и локални канцеларии во понеделник ќе останат затворени.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/CityNews/status/415627914810777600?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Операциите на расчистување на снегот се одвиваа со полна пареа во неделата бидејќи во бурата Џонас без престнок во десет држави паѓала голема количина снег во текот на повеќе од 36 часа, се до ноќта во саботата кон неделата, предизвикувајќи неволји и пореметувајќи го животот на околу 85 милиони луѓе.

-Во ерата на екстремни климатски промени сме-изјавил њујоршкиот градоначалник Бил де Бласио , оценувајќи дека феноменот од тие размери ќе стане вообичаен.

Најмалку 30 лица смртно настрадаа поради неверемето, рекле локални претставници пренесуваат медиумите. Петмина починале на подрачјето на Њујорк, шест во Северна Каролина, шест во Вирџинија и двајца во Кентаки, а по едно лице во Мериленд, Арканзас, Охајо, Делавареу, Јужна Каролина и во Вашингтон.

 
Слично

Поврзани вести