(ВИДЕО) ТАМУ НИКОЈ НЕ ЗАКЛУЧУВА ВРАТА: Во оваа европска земја нема криминал!
Пред неколку години Лихтенштајн донесе правилник за однесување на доселениците. Во него стои дека е препорачливо да се биде тивок во официјалното време на ручеок од 12 до 13.30 часот.
Оваа мала земја, сместена помеѓу Австрија и Швајцариа, крие бројни занимливости, а при оваа прилика ви ги пренесуваме највпечатливите.
-Во Лихтенштајн речиси да нема криминал. Последното евидентирано убиство се случило во 1997 година, а во државата има само неколкумина затвореници. Секој кој е осуден на казна подолга од две години оди во затвор во Австрија. Луѓето во оваа земја се чуствуваат толку сигурни што повеќето дури и не ги заклучуваат влезните врати.
Швајцарија при една прилика изврши инвазија на Лихтенштајн. Швајцарските војници (170 од нив) вооружени со пушки, но без куршуми, во текот на воена вежба, случајно ја преминале границата.
-Еднаш годишно, сите жители се повикуваат на забава, т.е на пиво во градините на дворецот Вадуц.
-Главен град на Лихтенштајн е Вадуц во кој живеат 5425 жители. Тоа воедно е и најголем град во таа земја.
-Лихтенштајн е водечки светски произведувач на вештачки заби. Имено, компанијата „Ivoclar Vivadent“ го предводи светот во производство на вештачки вилици и навлаки, со вкупен удел на пазарот од 20 одсто.
-Пред пет години можевте да ја изнајмите цела држава на една ноќ. Имено, во соработка со „Airbnb“ сервисот, понуден е простор за сместување на 150 гости, пробување на вино со принцот и креирање на персонализирана парична валута, со привремен карактер. Задоволството чинело 70 000 долари.


