(ВИДЕО) Талибанците му пресудија на комичар кој се шегувал со нив
Британски „Дејли Мејл“ објави видео на кое се гледа Назар Мухамед, познат како Каш Зван, во автомобил со вооружени милитанти. Талибанците го извлекле од неговиот дом, го одвезле со автомобил, а потоа го застрелале.
На снимката комичарот со врзани раце кажувал шеги, а еден од милитантите, му удри неколку шлаканици.
По погубувањето се појавиле фотографии на кои се гледа како комичарот стои покрај дрво, а потоа како лежи на земја.
Талибанците прво ги демантираа информациите дека се вмешани во убиството на комичарот, иако признаа дека двајцата мажи на снимката биле членови на нивната група. Комичарот претходно работел за авганистанската полиција.
Слично
