(ВИДЕО) Такси прегази луѓе во Лондон
Повеќе лица се повредени откако такси возило удри во пешаци во Лондон.
Инцидентот се случил во една од најраздвижените области на британската престолнина, Ковент Гарден.
На местото на настанот пристигнале две амбулантни возила и неколку полициски возила.
Членови на социјалната мрежа Twitter сведочат дека сообраќајот во областа е сериозно отежнат и забележуваат дека она што се случило не личи на тероризам.
Полицијата не го смета инцидентот за терористички акт.
Слично
