(ВИДЕО) Тајландската полиција пушти фоторобот на осомничениот за нападот во Бангкок
Тајландската полиција шири фоторобот на осомничениот бомбаш, кој детонираше бомба до храмот „Ерауан“ во центарот на Бангкок во понеделникот, пренесе „Ројтерс“.
Спроведено е масовно барање на наводниот терорист. Во првите часови по експлозијата тој беше препознаен од снимките од безбедносните камери. Полицијата, смета дека младиот маж, облечен во жолта маица и шорцеви, ја оставил бомбата, која предизвикала експлозијата на клупата до храмот.
Портпаролот на националната полиција, генерал-полковник Правут Таворнисири, коментира дека обично „ваквите напади не се планирани од еден човек“. „Момчето со жолтата маичка не е осомничениот за нападот. Тој е едноставно самоубиец“, додал Таворнисири.
По последните информации државјанин на Франција е уапсен на банкокскиот аеродром Суваннабхун под сомнение за соучесништво во терористичкиот акт од 17 август. Ова го соопшти телевизискиот канал „Таи Пи-Би-Ес“.
Сеуште никој човек или организација не ја презеле одговорноста за нападот.
Тајландскиот премиер Прают Чан-оча го потврди нападот како „најлошиот инцидент, кој некогаш се случил во Тајланд“. Тој ветил дека виновниците ќе бидат пронајдени.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/DN9wT9ItRvQ[/embed]
