Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТАГА И СТРАВ: 65 луѓе исчезнати во јагленисаната кула во Лондон, бројот на мртви би можел да биде над 100

(ВИДЕО) ТАГА И СТРАВ: 65 луѓе исчезнати во јагленисаната кула во Лондон, бројот на мртви би можел да биде над 100

Според најновите податоци 65 луѓе и понатаму се водат како исчезнати во облакодерот во Лондон кој го зафати голем пожар.

Како што наведува полицијата бројот на жртви засега изнесува 17, а се очекува да расте.

Запрашан дали бројот на загинати би можел да надмне 100, началникот на лондонската полиција Стјуарт Канди рекол дека се надева оти цифрата нема да биде трицифрена.

Пожарникарните екипи вчера успеаја да стигнат до 19 и 20 кат на зградата која има вкупно 24 катови.

Оваа зграда е позната како Гренфел тауер, изградена е во 1974 година, со средства на лондонските општини Кенсингтон и Челзи.

Облакодерот минатата година е реновиран за 10 милиони фунти и при таа прилика му е уредена фасадата и воведено е заедничко греење.

Но токму облогата на фасадата се шпекулира дека можеби е најголем причинител за ширењето на пожарот.

Британски медиуми пренесоа дека во зградата можеби имало околу 600 луѓе и наведуваат дека најмалку 50 повредени се префрлени во болница.

Засега не се знае колку луѓе успеале да се спасат од огнените јазли.



Слично

Поврзани вести