(ВИДЕО) ТАА „ПУКА“ ОД ГОРДОСТ: Погледнете како омилената водителка на Ким Јонг-ун ја соопшти веста за лансирањето на ракетата
Кога Северна Кореја испали нов проектил, по правило на нацијата најпрво гордо го објавува водителката на државната телевизија, денес веќе планетарно популарната Ри Чун-хи.
Таа не изневерила и овој пат, па облечена во традиционална облека, ја известила нацијата дека „Под стратешка одлука на водачот Ким Јонг-ун научниците и техничарите на Севернокорејската академија на одбрамбени науки успешно испалиле новоразвиен интерконтинентален балистички проектил „Hwasong-14“.
Притоа внимателно од хртијата го читала секој збор, а погледот кон камерата го кренала на крај.
Нејзината објава е прекината со фотографија на насмеаниот покоен лидер Ким Il-сунг и Ким Јонг ил, а завршува со фотографијата на актуелниот водач Ким Јонг-ун.
Слично
