Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТАА Е ХЕРОЈ: Meдицинска сестра им свири на виолина на заразените од коронавирусот

(ВИДЕО) ТАА Е ХЕРОЈ: Meдицинска сестра им свири на виолина на заразените од коронавирусот

Во Чиле се случи нешто необично. Медицинска сестра им свири на виолина на пациентите заразени со коронавирус. 

Медицинската сестра Дамарис Силва (26) од Сантијаго, по напорната смена на работа, шета по ходниците со својата виолина и им свири познати латиноамерикански песни на пациентите. 

Оние кои можат, ѝ возвраќаат со аплауз и со насмевки.

Болницата каде што работи се наоѓа во сиромашниот дел на градот, во населбата Ла Пинтана.

Таа вели дека ова го прави од срце, за да им даде надеж и љубов на луѓето. 

Во светот, Чиле е на 6-то место по бројот на заразени. 

Досега имаат 306,216 потврдени случаи на заразени, а починаа над 6.600 луѓе. 

Пред Чиле е Перу, а зад нив е Шпанија по бројот на заразени. 


Слично

Поврзани вести