(ВИДЕО) СЗО објави колку луѓе загинаа во Судан
Досега во Судан загинаа најмалку 459 луѓе, а повеќе од 4.000 се повредени.
Суданскиот претставник на Светската здравствена организација (СЗО) денеска го соопшти „црниот“ биланс. Нима Саед Абид изјави дека реалниот број на загинати најверојатно ќе биде многу поголем од потврдените случаи. Абид рече дека СЗО потврдила 14 напади од почетокот на насилството, со осум мртви и двајца ранети. Штети претрпеа и болници. Вчера ОН евакуираа конвој од 700 луѓе од Картум до Порт Судан, вклучително и персонал на ОН, меѓународни невладини организации и амбасади. Конфликтите во Судан ескалираа на 15 април со судири меѓу суданската армија и паравоените сили за брза поддршка во и околу Картум. Саудиска Арабија евакуираше 365 лица од Судан. Многу луѓе заминаа во Чад, Египет и Јужен Судан поради страв за своите животи.
