Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СЗО ќе прогласи крај на епидемијата од Ебола

(ВИДЕО) СЗО ќе прогласи крај на епидемијата од Ебола

Светската здравствена организација (СЗО) ќе го објави во четврток крајот на епидемијата на Ебола во Западна Африка, откако вирусот веќе не се шири во Либерија, соопшти „Франс прес“, повикувајќи се на извори од организацијата.

Објавувањето за крај на епидемијата се очекуваше во петокот. Причината за преместувањето не се наведува.

„Ова ќе е 42-иот ден откако испитувањата на последниот, болен од Ебола во Либерија, се негативни“, прецизира Светската здравствена организација во своето соопштение.

Епидемијата на Ебола во Западна Африка беше најкрвавото од пред 40 години, кога беше откриен вирусот.

Болеста одзеде најмалку 11 000 човечки животи. Тоа започнa во 2013 година во Гвинеја, се шири во Либерија и во Сиера Леоне.

Тоа беа најмногу погодените земји. Потоа стигна до Нигерија и Мали.

Смртните случаи се официјално 11 315 кај 28 637 познати заболени.

Заразени со Ебола имаше исто во Шпанија и во САД.

Слично

Поврзани вести