(ВИДЕО) Свлечиште „проголта“ повеќе од 10 згради
Свлечиште однесе згради во Норвешка.
Десет луѓе се повредени, еден човек е во критична состојба, а 15 се водат како исчезнати откако свлечиште на југот од државата однесе повеќе од 10 згради. Свлечиштето го погодило резиденцијалното подрачје на општината Јердрум околу 30 километри северно од Осло. Исчезнатите се од најтешко погодените области, но се уште не е јасно дали се заробени во своите куќи, дали успеале да избегаат или на време се евакуирале, наведува полицијата. Началникот на полицијата рекол дека подрачјето е и понатаму нестабилно и дека може да му се пријде само со хеликоптер, а градоначалникот истакнал дека евакуирани се околу 500 луѓе.
Слично
