Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Свлечишта затрупаа луѓе во бегалски кампови во Бангладеш

(ВИДЕО) Свлечишта затрупаа луѓе во бегалски кампови во Бангладеш

Свлечишта затрупаа луѓе додека спиеле во бегалски кампови во Бангладеш. 

Најмалку девет лица, меѓу кои осум бегалци Рохинџи, загинаа во свлечишта во југоисточен Бангладеш. Свлечиштата се случиле на четири локации во бегалските кампови во Кокс Базар во текот на ноќта и затрупале засолништа додека луѓето спиеле. 


Спасувачките екипи пронашле седум тела, додека едно го пронашле самите бегалци. Полицијата соопшти дека загинал и еден државјанин на Бангладеш, откако рид се урнал врз неговата куќа. Бегалецот Али Ахмед изјави дека неговите родители и помладиот брат загинале додека спиеле.  Властите веќе преселиле околу 1.000 бегалци од ризичните подрачја. Следните денови ќе има нови обилни врнежи.

фото УНХЦР


Слично

Поврзани вести