Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СВЕТОТ ЗАНЕМЕ: Војската на Асад од хеликоптер фрли бомби кои го срамнија целиот град! 

(ВИДЕО) СВЕТОТ ЗАНЕМЕ: Војската на Асад од хеликоптер фрли бомби кои го срамнија целиот град! 

Еден сириски опозициски активист, го снимил прелетот на режимскиот хеликоптер во Дарај, во преградието на Дамаск во кое владеат бунтовниците, и останл шокиран кога била фрлена т.н. болјер-бомба која експлодирала неколку стотина метри од него, помеѓу стамбените згради.

Бомбата паднала над стамбените згради, но не се знае дали во тој момент таму имало луѓе и дали некој настрадал. Видеото од бруталниот напад со овие опасни импровизирани бомби, со кои режимот на Асад го бомбардирал и градот Алепу и усмртил повеќе од 3 илјади луѓе, е обајвена на Јутјуб.

Сириската опсерваторија за човекови права во повеќе наврати објавила дека преградието на Дамаск во последните денови било честа мета на напади од режимските хеликоптери.

Опсерваторијата тврди дека режимските сили во последните две недели знаеле да фрлаат и по четири такви бомби во еден ден над Дарие преградието на Дамаск.

Имено руските авиони ги бомбардираат градовите во кои ИСИС воопшто не е активна, дури ни присутна. Организацијата „Лекари без граници“ соопшти дека во минатите недели во воздушните напади на северот од Сирија се бомбардирани најмалку 20 болници и дека во тие напади погинале најмалку 35 пациенти и медицински персонал.

Слично

Поврзани вести